САКАМ ДА СПРОВЕДАМ ОНЛАЈН ТЕСТ

Ново видео: 

КАКО СЕ ИЗРАБОТУВА ОНЛАЈН ВЕЖБА / ТЕСТ?

Во ова видео наставниците и професорите имаат можност да се запознаат со онлајн квизот, кој го нуди светски најпознатата платформа за онлајн учење МУДЛ. 

Квизот може да се користи за учење на нов материјал, за вежбање, како задача за работа на час, за спроведување на тест, испит, колоквиум и сл. 

Овде се прикажува, како тој се подесува, за секое сценарио одделно, дали ќе се применува за учење, вежбање, како задача, тест или испит. 

Со своите 19 видови на прашања, квизот спаѓа во најдобрата алатка за оваа намена, во споредба со сите други платформи. Нуди прашања со: повеќечлен избор, точно неточно, задача со подредување, со кратки одговори, есејско прашање, задача со влечење на текст, со влечење на слика, со подредување, со избирање на еден или повеќе точни одговори, текст со празнинки и сл. 

Посетете ја платформата, логирајте се, побарајте свој ПРЕДМЕТ, и испробајте го квизот. 

  

  

Last modified: Sunday, 12 April 2020, 12:30 PM