ЗАПОЗНАТЕ ГО ТИМОТ ЗА ПОДДРШКА НА МУДЛ МАКЕДОНИЈА

д-р Николче Шулевски, професор по германски јазик при СОЕУ Јане Сандански Битола е и основач на приватното училиште за германски јазик Делфин од Битола и претседател на здружението МУДЛ Македонија.

Квалификации: Магистрирал на онлајн учење, докторирал на онлајн учење со платформата МУДЛ и други софтвери за учење како што се ЗУМ, Нет Сапорт Скул и др. Активно користи онлајн учење од 2012 год., додека од 2015 год. постојано користи МУДЛ и ЗУМ во неговата настава. Во периодот од 2012 год. до денес посетил голем број на семинари, конференции и работилници, а организирал и семинари, предавања и конференции за онлајн учење со земјава, како и во голем број земји од ЕУ.

Вештини: Веб и мрежна администрација, обучувачки и презентациски вештини.

Задачи: Инсталација и поврзување на веб платформите Moodle и Big Blue Button, онлајн поддршка за таргет групата и крајните корисници, одржување на системот.

пред. м-р Иван Ѓорѓиевски, предавач по бизнис и оперативен менаџмент во високо образование.

Квалификации: Магистер по менаџмент на човечки ресурси, систем администратор, корисник и развивач за платформата Moodle. Член на здружението Мудл Македонија.

Вештини: Веб и мрежна администрација, графички дизајн, обучувачки и презентациски вештини.

Задачи: Инсталација и поврзување на веб платформите Moodle и Big Blue Button, онлајн поддршка за таргет групата и крајните корисници, одржување на системот.

м-р Илче Ацевски, професор по електро група предмети во СОТУ Ѓорѓи Наумов Битола, претседател на училишен одбор во СОТУ Ѓорѓи Наумов Битола, потпретседател на здружението МУДЛ Македонија, стручно лице за безбедност при работа во Р&С Сејфти Консалтинг Скопје.

Квалификации: Магистер по информатика, магистрирал во 2013 на тема “Имплементација на е-училиште и видеоконференции за потребите на средно стручно училиште”, инженер по електротехника (електроника и телекомуникации), активно работи со онлине учење од 2010 година и користи повеќе видеоконференциски сервиси (Big Blue Button, ZOOM, WizIQ, OpenMeetings). Организирал и учествувал со свои предавања за он-лине учење на повеќе конференции, семинари и работилници во земјата и во странство

Вештини: Веб и мрежна администрација, обучувачки и презентациски вештини.

Задачи: Инсталација и поврзување на веб платформите Moodle и Big Blue Button, онлајн поддршка за таргет групата и крајните корисници, одржување на системот.

м-р Зоран Милевски, проф. по информатика во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци. Завршил високо образование на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Природно математички факултет, Институт за Информатика и се стекнува со звање Дипломиран инженер по информатика. Го продолжува своето образование на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Филозофски факултет и се здобива со Педагошко - психолошка и методска доквалификација. Дополнително го продолжува своето образование на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Природно математички факултет, Институт за Информатика и се здобива со звање Дипломиран професор по информатика - дипломска работа – Напредно користење на Moodle систем за е-учење во средно училиште. По вработувањето во гимназијата во гимназија се запишува и ги завршува магистерските студии на Универзитет „Гоце Делчев“ Штип, Факултет за Информатика и се стекнува со звање Магистер по компјутерски науки. Област на истражување Магистерски труд – Едукативно податочно рударење со Moodle. Од своето вработување до денес го администрира Мудл системот на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци кој што го користат голем дел од наставниот кадар и на системот се зачленети сите ученици од училиштето. Учествува на обуки, семинари, конференции поврзани со онлајн учење и онлајн настава.

 м-р Стојанче Спасов, советник за е-учење во Одделение за е-учење при Универзитет „Гоце Делчев“, Штип.

Квалификации: Магистер по компјутерски науки – Информациски системи и технологии

Активно користи Мудл платформа за електронско учење од 2009 год. додека од 2018 год. е активен член на здружението Мудл Македонија. Учесник е во повеќе регионални и ЕУ проекти (GÉANT, ERASMUS+), а неговите истражувачки интереси вклучуваат информациони системи и технологии во високото образование, системи за е-учење, веб-услуги, јазици за програмирање, пребарување на информации, преобразување и обработка на природен јазик.

Modifikimi i fundit: Friday, 10 April 2020, 12:09